дома Свет Балкан Вучиќ ќе ја посети Кина од 2 до 4 септември, најавени средби...

Вучиќ ќе ја посети Кина од 2 до 4 септември, најавени средби со Си и со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Кина од 2 до 4 септември, каде што ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, на покана на претседателот на таа држава, Си Џинпинг.

За време на посетата на Пекинг, претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, како и со други високи функционери на Народна Република Кина и претставници на големи компании, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

На 3 септември, претседателот Вучиќ ќе присуствува на голема воена парада по повод Денот на победата.
На парадата се поканети лидерите на 26 земји. з
ПредходнаПосле проблемите со авионот, нападнато и возилото со кое патуваше Фон дер Лајен во Бугарија
СледнаТрамп тврди дека Индија предложила да ги укине царините за американските производи