дома Македонија Политика Николоски: Процесуирање на виновните за злоупотребата ан тајните служби и прислушувањето од...

Николоски: Процесуирање на виновните за злоупотребата ан тајните служби и прислушувањето од 2019-2024 годинa

Николоски: Процесуирање на виновните за злоупотребата ан тајните служби и прислушувањето од 2019-2024 година

 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се огласи на Фејсбук по информациите од АНБ за прислушувањето на новинари и актуелниот премиер Христијан Мицкоски во период од 2019-2024 година.

Николоски вели дека одговорност и процесуирање на одговорните за злоупотреба на тајните служби како предуслов за демократија во Македонија!

-Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.

Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.

Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!

Повикувам, Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!, пишува Николоски на Фејсбук

ПредходнаНад 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина
СледнаЛагард: Потезите на Трамп се многу сериозна опасност за светската економија