Бизнисменот и поранешен менаџер на пејачот Џастин Бибер, Скутер Браун, и холивудската актерка Сидни Свини се забележани заедно во Венеција, пренесува „Пејџ сикс“.

Еден обожавател ги снимил додека шетале по уличките на градот во друштво на манекенката Амели Тремблеј.
Свини неодамна ја прекина свршувачката со долгогодишното момче Џонатан Давино. Парот започна врска во 2018 година, а четири години подоцна се верија. Иако речиси целата нивна љубовна приказна ја држеа далеку од очите на јавноста, шпекулациите за раскин почнаа да кружат уште во февруари, кога се дозна дека актерката го одложила венчавањето и почнала да живее одвоено од Давино.
Според блиски извори, причината за разделбата не била недостиг на љубов, туку фокусот на Свини кон кариерата.
„Не е подготвена да се смири. Врската толку долго траеше само затоа што ѝ беше тешко да стави крај“, открил извор близок до актерката.
Од друга страна, Браун зад себе има брак со Јаел Коен, со која беше во брак од 2014 до 2021 година и со која има три деца: синовите Џегер и Леви и ќерката Харт.




