дома Магазин Уште едно кралско венчавање: Принцезата Мари-Каролина од Лихтенштајн се омажи за менаџер...

Уште едно кралско венчавање: Принцезата Мари-Каролина од Лихтенштајн се омажи за менаџер од Венецуела

Викендов во главниот град Вадуц се одржа свечена церемонија на која принцезата Мари-Каролина од Лихтенштајн му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, инвестицискиот менаџер од Венецуела, Леополдо Мадуро Волмер.

Свадбата се случи во катедралата „Свети Флоријан“ во Вадуц, иако парот живее во Лондон. Принцезата за оваа прилика одбра венчаница во бела боја со модерен и смел дизајн – комбинација од различни ткаенини, чипка, тил и проѕирни раменици. Стилот го надополни со долг, елегантен вел што се спушташе по скалите на капелата.

 

Мари-Каролина е првата ќерка на принцот Алиос што објави свршувачка и стапи во брак. Инаку, таа има диплома по моден дизајн од престижната „Парсонс“ во Париз и Њујорк. Нејзиниот сопруг пак се школувал во Велика Британија, во познатото училиште „Хароу“, и по професија е инвестициски менаџер.

Парот ја објави свршувачката минатиот октомври, а нивната љубовна приказна сега доби и кралска венчална круна.

ПредходнаНајголемиот леден брег во светот се распадна на парчиња: Во текот на летото изгуби 1.000 квадратни километри
СледнаКонечно откриено дали постоел конфликт меѓу ѕвездите на „Одмаздници“: Во целата приказна е вмешан Рајан Рејнолдс