дома Граѓански Граѓански собир во Аеродром поради „екоцидот и неподносливата миризба“ последните денови!

Граѓански собир во Аеродром поради „екоцидот и неподносливата миризба“ последните денови!

Денеска во 18 часот се организира граѓански собир на раскрасницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров поради екоцидот и лошата миризба која се чувствува во последните денови низ Аеродром.

– ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ СОБИР!

02.09.2025 од 18.00 до 19.00 часот

Почитувани сограѓани

ЕКОЦИДОТ или силната миризба која ја чуствуваме изминативе неколку дена е неподнослива и со сигурност неизмерно штети на нашето здравје. Нашите дечиња школската година ја започнаа во најлоши можни околности. Наша граѓанска должност е да побараме СЕГА И ВЕДНАШ разрешување на овој проблем. Како граѓани се прашуваме: Кои институции ни недостасуваат за да го решат овој проблем? СЕГА И ВЕДНАШ, не по изборите, ниту во наредниот период. Веруваме дека овој проблем сите нас доволно не засега и мирно со блокирање на раскрасницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров, во 16:00 часот, секој ден ќе допреме до надлежните за разрешување на овој проблем СЕГА и ВЕДНАШ. – стои на плакатите залепени низ Скопје.

ПредходнаСе подготвува резолуцијата за евроинтеграциите на СДСМ, најави Филипче
СледнаШукова: Георѓиевски, ветувајќи парк во Вардариште, манипулира со граѓаните или воопшто не ја познава состојбата