дома Свет Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските граѓани до 30 дена од 15 септември, објави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.


Како што изјави, пробна политика за безвизен режим ќе биде во сила за руските граѓани кои поседуваат обични пасоши од 15 септември 2025 година до 14 септември 2026 година.
Според него, Русите можат да ја посетуваат Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини или пријатели или размена на посети до 30 дена.
„Под стратешко водство на двајцата шефови на држави, односите меѓу Кина и Русија одржуваат високо ниво на развој. Кина придава големо значење на интензивирањето на размената меѓу двата народа, ја поддржува зајакнувањето на соработката меѓу нив и дава позитивен придонес во развојот на сеопфатното стратешко партнерство и координација меѓу Кина и Русија во новата ера“, рече Гуо, пренесе ТАСС.
Тој, исто така, во таа прилика рече дека руските пријатели се добредојдени да ја посетуваат Кина што е можно почесто.

ПредходнаЧетвртина од вработените во Германија сè уште работат од дома
СледнаПродолжува судењето за „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра