Поп пејачката од Србија, Ана Станојевиќ освои награда на престижниот поп фестивал „Охридфест” 2025 година. „„Најдобрата поп композиција на Балканскиот Манир”

Познатата поп-пејачка на фестивалот Ана Станојевиќ ги воодушеви љубителите на музиката, а откако ја обработи песната „Македонско девојче“ во помодерен аранжман, уште еднаш ја покажа љубовта кон Македонија.
Имено, викендов во Охрид се одржа традиционалниот фестивал „Охрид фест“, каде во поп-вечерта песната „Навикла сам да ме лажу“ ја освои наградата „Најдобра поп композиција на балканскиот манир“.
Ана остави одличен впечаток, а ги запозна легендарните Дадо Топиќ, Ана Петановска, Григор Копров и доби поддршка и честитки за наградената патека.