Познатата жичара „Глорија“ во Лисабон, популарна кај туристите, денес излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 други се повредени.
Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди.
Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде.
Се верува дека 43 лица се наоѓале на жичницата во времето на несреќата. Сè уште не е познато дали жртвите биле португалски државјани или туристи.
Португалските власти сè уште не ги идентификувале жртвите ниту ги откриле нивните националности, но рекоа дека меѓу загинатите има и странски државјани.
„Ова е трагичен ден за нашиот град. … Лисабон е во жалост, ова е трагичен, трагичен инцидент“, изјави за новинарите Карлос Моедас, градоначалникот на португалската престолнина.
Познатата жолта жичница, слична на трамвај, излета од шините попладнето, објави CNN Portugal. Снимките од местото на настанот покажуваат дека жичницата со 43 седишта е уништена, а службите за итни случаи ги извлекуваат луѓето.
Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза изрази жалење за трагичната несреќа во соопштението, изразувајќи надеж дека властите наскоро ќе ја утврдат причината за несреќата.
Линијата, отворена во 1885 година, го поврзува центарот на Лисабон во близина на плоштадот Рестаурадорес со Баиро Алто, населба позната по својот жив ноќен живот. Жичницата ја управува градската компанија за јавен превоз Carris. Нејзините два вагона се прикачени на спротивните краеви на кабел за влечење, а влечењето се обезбедува од електрични мотори на два од вагоните.
Вагонот на дното од линијата изгледал неоштетен, но CNN Portugal објави дека патниците морале да скокаат од прозорците кога се случил инцидентот.
Publico вели дека ова не е прв пат „Глорија“ да излета од шините, несреќава е убедливо најсериозната. Последното излетање од шините поради сериозен дефект се случи во мај 2018 година, но немаше превртувања или жртви. „Глорија“ не работеше еден месец по таа несреќа.
🇵🇹 Three people killed after funicular derailment in Lisbon
In Lisbon, a Gloria funicular car broke loose from its cable and crashed into a building at high speed killing 3 people and injuring about 20.
The Elevador da Glória is one of Lisbon’s most popular tourist attractions. pic.twitter.com/wJu7bFpyQX
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 3, 2025