
Медиумската информативна агенција – МИА оваа година е домаќин на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА -ЈИЕ), кое се одржува денеска во Скопје.
Одлуката беше донесена минатата година на 32. Генерално собрание што се одржа во Истанбул, со учество на сите членови на АБНА.

На 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ во Скопје ќе учествуваат претстсавници на националните новински агенции од Балканот, Медитеранот и Европа.
Пред Генералното собрание е Конференција на тема „Утврдување на вистината во нивинарството“, што ќе ја отвори премиерот Христијан Мицковски

Новинските агенции секојдневно ја пишуваат првата страница на вистината. Вашата работа не е само пренесување на вести, туку создавање јавана меморија, градење доверба и оддржување на демократијата во живот. Денес повеќе од кога било медиумите се столб на демократијата, во услови на голбална поврзаност тие не само што информираат, туку и инспирираат, обединувата и создаваат клима за просперитет, порача во својот говор премиерот Христијан Мицкоски

Балканот и ЈИЕ, како што посочи, долго време беа симбол на поделби и конфликти, но денеска имаме нова задача да бидеме симбол на соработка и просперитет, а медиумите можат да бидат мостови меѓу нашите земји..
-Сакам да потсетам на иницијативата за регионална размена на вести, меѓу новинските агенции што веќе дава резултати. Кога нашите граѓани ќе читаат позитивни вести од соседството, тогаш предрасудите се рушат, а пријателствата се градат, порача Мицкоски.
Дезинформациите и неоснованите критики, нагласи, се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија.

– Разликата меѓу конструктивна критика и дезинформација е исто толку голема колку и демократија и манумулација. Нашата Влада нема да замолчува критики, но нема да дозволи лагата да се претвори во норма. Затоа вложуваме во медиумска писменост и поттикнуваме професионални медиуми. Владата е црвсто определена да биде партнер на медиумите. Работиме цврсто на подобрување на условите и професионализаијца и поттикнување на регионалната соработка, рече Мицкоски.
Во АБНА-ЈИЕ членуваат 12 новински агенции – МИА, АТА, Анадолија, ФЕНА, БТА, ХИНА, ЦНА, АНА-МПА, Косова прес, МИНА, Аџерпрес и АНСА.
МИА
.




