дома Свет Од ново оружје на Кина на воена парада претстави- „роботски волци“

Од ново оружје на Кина на воена парада претстави- „роботски волци“

Кина   претстави контингент „роботски волци“ на воената парада одржана на плоштадот Тјенанмен во Пекинг по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, објави Би-Би-Си.


Според кинеските медиуми, роботите се способни за извидување на фронтовската линија, доставување залихи, па дури и извршување прецизни удари врз цели.
Нивните претходници, „роботски кучиња“, беа претставени на заедничка воена вежба со Камбоџа минатата година.
Роботите беа преименувани во „волци“ како дел од „стратешка трансформација“, објавија претходно кинеските медиуми.
Кинеските државни медиуми објавија дека „волците“ ја подобриле борбената ефикасност и способноста за удар, а се опремени и со камери за попрецизно насочување.

ПредходнаКина го покажа новото оружје на масовна воена парада во Пекинг
СледнаПолска испрати воени авиони поради рускиот напад врз западна Украина