дома Македонија Политика Телма: Никола Димитров ќе го олеснува дијалогот Скопје-Софија

Телма: Никола Димитров ќе го олеснува дијалогот Скопје-Софија

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров ќе го олеснува дијалогот меѓу Скопје и Софија, за да се деблокира европскиот пат на Македонија, jјавува Телма

Како што дознава Телма, Димитров е ангажиран од Регионална тинк-тенк организација, поддржана од една западна земја. Организацијата во својата мрежа ангажира повеќе експерти од Европа, светот и Македонија, а предводник на овој тим е Никола Димитров.

Целта на тимот е да ја олесни комуникацијата меѓу владите на Скопје и Софија во обид да се најде решение на блокадата на почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската Унија.

Сличен ваков ангажман Димитров имаше и пред две години кога се правеа дипломатски напори меѓу Приштина и Белград кога се правеа напори за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

ПредходнаМакрон и Зеленски ќе се јават кај Трамп по самитот за безбедносни гаранции за Украина
СледнаНасер Селмани до Тошковски ;Утрово со нож ми ја оштетил гумата,имам сомнежи кој стои зад ова но ќе ја почекам прво полицијата