Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата, имале задача да откриваат непријателски елементи во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и биле против евроинтеграцијата на Македонија, односно биле против францускиот предлог. Главна цел за собирањето на информации за нив биле високи претставници на тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, уредници и новинари на медиуми со опозициска уредувачка политика и бизнисмени блиски до овие структури, дознава МКД.мк од извори во обвинителството.

Според истиот извор станува збор за членови на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, уредници, бизнисмени… подготовка на извештаи за нивните активности, нивни средби со дипломати, содржини на тие разговори, средби со други лица и други нивни активности. За најголемиот дел од овие активности на припадниците на оваа група, била обезбедена соодветната процедура за добивање дозвола за примена на посебните мерки (согласност од обвинителство и дозвола од Врховен суд).
….…
Од АНБ појаснуваат дека не се работи за прислушување, туку за прибирање на информации за таргетирани лица, за нивните ставови, искази во разни прилики, средби со други лица и други нивни активности.
повеќе тука