дома Гастронаутика Специјалитети Протеинска салата

Протеинска салата

Се почесто читаме и слушаме дека протеинските салати ни помагаат подолго време да бидеме сити, полесно да изгубиме некој килограм или пак да ја задржиме саканата линија.
Рецептот за оваа салата е едноставен и секој може да ја подготви.
Состојки:
4 јајца
1 авокадо
2 моркова
200 грама тврдо сирење
1 марула и некоја друга зелена лисната салата
Маслиново масло
Сок од еден лимон
Начин на подготовка:

Измиената зелена салата ставете ја во чинија за сервирање, па врз неа наредете ги парчињата авокадо и сварените јајца исечени на кругови. Зачинете ја салатата со маслиново масло и лимон и на крајот изрендајте го тврдото сирење.

Добар апетит!

ПредходнаРекорд: 40 проценти од вработените во Германија работат со скратено работно време
СледнаСо растот на БДП го делиме третото место со Хрватска во ЕУ и сме пред сите во регионот, порача Мицкоки