дома Свет Балкан Рашиќ: Косовското собрание не е конституирано, очекувам привремена мерка од Уставниот суд

Рашиќ: Косовското собрание не е конституирано, очекувам привремена мерка од Уставниот суд

Претседателот на Партијата за слобода, правда и опстанок Ненад Рашиќ  оцени дека косовското собрание не е конституирано, иако претседателот на Парламентот Димал Баша ја прогласи вчерашната седницата за затворена.

Рашиќ, кој е член на Собранието од српската заедница, ја нагласи потребата од избор на потпретседател од таа заедница за да се заврши овој процес.

Тој самиот беше кандидат за потпретседател на косовското собрание, но не успеа да добие 61 глас, од 120, колку што има пратеници во Парламентот.

„Имам добра комуникација со премиерот и другите министри, но сепак, сите ние политичари мора да бидеме објективни и одговорни за работата што ја работиме и да ја кажеме вистината“, рече тој.

Тој верува дека во овој случај, сите политичари имаат обврска да ја кажат вистината од аголот од кој ги гледаат работите.

Тој рече дека и во овој случај мора да биде поодговорен од сите оние претставници на Српската листа кои, како што изјави, дури и не знаат како правилно да се обратат.

„Со сето почитување што го имам кон претставниците на движењето Самоопределување, морам да истакнам дека во овој случај, и верувам дека тоа ќе се докаже, Собранието не е конституирано, како што е предвидено со Уставот“, изјави Рашиќ за агенцијата КосоваПрес.

Тој очекува Уставниот суд на Косово да издаде привремена мерка за конститутивната седница оваа недела за да не истече рокот за формирање влада.

Зборувајќи за неговата кандидатура за потпретседател на Собранието, Рашиќ рече дека, доколку Уставниот суд го одобри барањето на Српската листа и одлучи гласањето за потпретседатели на Собранието од немнозинските заедници да се одржи во пакет, тој се согласува со тоа.

Рашиќ е убеден дека косовската претседателка Вјоса Османи нема да предложи кандидат на Ветевендосје за премиер сè додека Уставниот суд не донесе одлука, по жалбата на Српската листа.

Претседателот на Косово, патем, претходно оваа недела имаше средба со претседателот на Собранието, Димал Баша.

По средбата беше објавено дека Османи, со својот правен тим, ја анализира ситуацијата во Собранието.

ПредходнаГолем студентски протест во Нови Сад на раскрсницата кај ДИФ
СледнаВучиќ ги обвини Загреб, Тирана и Приштина за создавање воен сојуз против Србија