дома Живот Затемнувањето на Месечината утре ќе се гледа и од плоштад „Македонија“

Затемнувањето на Месечината утре ќе се гледа и од плоштад „Македонија“

6 септември 2025

На плоштадот „Македонија“ утре ќе може да се набљудува целосното затемнување на Месечината. За таа цел, Скопското астрономско друштво ќе постави два телескопа.

  • Во недела, 7 септември, од Македонија ќе може да се набљудува редок феномен целосно затемнување на Месечината. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци. Гледано од Скопје, нема да го видиме помрачувањето во целост, туку неговиот втор дел. Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт веќе делумно затемнета, но не и целосно, велат од Скопското астрономско друштво.

Околу 19 часот се очекува изгревање на полу-затемнета Месечина, која со текот на времето ќе станува сè потемна и ќе добива црвеникава боја.

ПредходнаКој е “генот на гладта” кој не предиспонира за дебелина
СледнаКоја е големата љубов во животот на Џорџо Армани