6 септември 2025
Пожар избувна попладнево во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. На терен се екипи од Противпожарната бригада од Виница, но на помош се испратени пожарникари и од Кочани.
На помош се тргнати и пожарникари од Штип, Свети Николе, Струмица и Пробиштип.
Центарот за управување со кризи информира дека пожарот избувнал во магацините и во производните погони 6, 7 и 8.
- Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари, велат од ЦУК.
Пожарот е пријавен на бројот 112 во 18:40 часот.