Две ракети беа испукани од Појасот Газа кон пограничните градови во Израел утрово, едната беше пресретната, а другата падна во ненаселена област, соопшти израелската војска.
Лансирањето на ракетата ги активираше сирените за воздушен напад во градот Нетивот и голем број околни населби, соопшти војската.
Службите за итни случаи соопштија дека нема повредени или материјална штета, објави „Тајмс оф Израел“.