дома Македонија Неколку пожарникари со изгореници на стапалата во пожарот во Виница

Неколку пожарникари со изгореници на стапалата во пожарот во Виница

Пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница е ставен под контрола. Повредени се неколку пожарникари кои се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов доцна вечерва информираше дека во гаснењето на пожарот учествувале пожарникари од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.

Пожарот изби попладнето и беа опожарени магацински простории и производствени погони.

 

ПредходнаПожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница
СледнаСкинатa сајла предизвикал фатална несреќа на жичницата во Лисабон