дома Свет Украина вели дека го нападнала нафтоводот Дружба во рускиот регион Брјанск

Украина вели дека го нападнала нафтоводот Дружба во рускиот регион Брјанск

Украина го нападнала нафтоводот Дружба во рускиот регион Брјанск, изјави денес командантот на украинските беспилотни летала, Роберт Бровди.


Бровди во објава на Телеграм изјави дека нафтоводот претрпел „сеопфатна штета“ и дека по нападот избувнал пожар, објави Ројтерс.
Транзитниот нафтовод Дружба ги снабдува Унгарија и Словачка со руска нафта, а веќе беше цел на два напади од почетокот на годината, на 17 и 22 август.

ПредходнаБританската полиција уапси 150 лица поради поддршка на пропалестинска група
СледнаДве ракети испукани од Појасот Газа кон Израел, едната пресретната