Непознати лица фрлија низа молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случија само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот.Тензиите потоа се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец, по што страстите брзо се смирија. Неофицијално, приведени се над 20 лица.
„Немам кислород, не е само број, туку 57 загинати. Правда за нив”, “Корупцијата убива”, “Не забораваме, не простуваме”, беа дел од пораките на големиот протест.
Инаку во директен судир на патнички и товарен воз пред две две и пол години кај месноста Темпи, животот го загубија 57 лица.Под слоганот “Правда” илјадници граѓани се одзиваат на повикот на Здружението на роднините и семејствата на загинатите во железничката несреќа кај Темпи , со голем собир на плоштадот Синтагма во центарот на Атина.