синоќа во Чачак се случи инцидент кога граѓани запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.

Според извештајот на Н1 , собраните жители на Чачан успеале да го сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓале со јајца.
Iznos dnevnice za kurčenje po Čačku je porastao na soma evra. Ovi više ni na svadbu u Čačak neće doći. Garant. pic.twitter.com/EyRZJFHGOg
— Grof od Kačulica (@Grof_OdKaculica) September 7, 2025 “>
Митинзи и контрапротести
Антипротести, против блокадерите се одржаа во Србија и оваа недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно, контра собири се одржаа во неколку градови, а најбројни биле во Шабац, Ниш и Чачак.
И покрај напнатата атмосфера и повремените судири меѓу демонстрантите и полицијата, сите собири поминале без поголеми инциденти.
Студентите за денеска во 14, најавуваат протест пред српската Влада
Во последните недели, протестите во Србија повторно ескалираа. Најголемиот инцидент се случи во петокот во Нови Сад , кога полицијата брутално ги нападна демонстрантите, што предизвика нови критики кон властите и дополнително ја влоши политичката криза во земјата.




