дома Свет Петмина загинаа, а 15 се повредени во терористичкиот напад во Ерусалим

Петмина загинаа, а 15 се повредени во терористичкиот напад во Ерусалим

Четири лица се убиени, а 15 се ранети во пукотница во предградието на Ерусалим, соопштија израелските служби за итни случаи, објави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека сторителите се убиени. Сè уште не е јасно кој го извршил пукањето или кој бил мотивот. Израелската полиција ги опиша стрелците како „терористи“, без да прецизира колкумина биле вклучени во инцидентот.

Претходно, службите за итни случаи објавија дека 15 лица се повредени, од кои најмалку пет се во сериозна состојба со прострелни рани. Болничарите кои пристигнале на местото на настанот ги пронашле жртвите и повредените во близина на автобуска станица.

Си-Ен-Ен подоцна објави дека пет лица загинале.

Полицијата соопшти дека двајца напаѓачи пристигнале со возило на раскрсницата Рамот и отвориле оган на автобуска станица. Потоа, еден припадник на обезбедувањето и еден цивил на местото на настанот возвратиле на оган, убивајќи ги напаѓачите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху моментално ја „проценува ситуацијата“ со шефовите на безбедносните сили.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во областа на пукањето се распоредени израелски војници . Во моментов , заедно со полицијата, се во тек потрага по осомничени лица.

Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир,   исто така, пристигна на местото на настанот . Кратко потоа, стана јасно дека и Нетанјаху пристигнал на местото на пукањето.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) исто така соопштија дека војниците „опкружиле“ неколку области на периферијата на палестинскиот град Рамала на окупираниот Западен Брег за да „ги интензивираат одбранбените напори“.

Хамас го поздрави нападот, но не ја презеде одговорноста за него, при што групата изјави дека тоа е „природен одговор на злосторствата на окупаторот против нашиот народ“.

ПредходнаЦентрална свеченост по повод 8 септември – 34-години од осамостојувањето (во живо)
СледнаНови проблеми за рускиот олигарх