дома Локално Се уште гори во Дрисла, активни пожари и кај Никуштак, Булачани и...

Се уште гори во Дрисла, активни пожари и кај Никуштак, Булачани и во струшко Татеши и Еленкамен

Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопштиЦентарот за управување со кризи.
Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга.

Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај село Русиново, опожарени се дабова, букова шума и папрат. Во село Куклиш опожарена е депонија.

ПредходнаЕУ, Турција, Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија ги осудуваат нападите врз Катар
СледнаОбјавена карта, видете колку руски дронови влегле во Полска