дома Свет Десетици загинати, десетици повредени во експлозија на цистерна во Мексико

Десетици загинати, десетици повредени во експлозија на цистерна во Мексико

Цистерна со гориво се преврте, се запали и експлодира  на автопат во близина на Мексико Сити, објави Ројтерс. Најмалку три лица загинаа, а 70 други се повредени.

Силната експлозија и пожарот зафатија неколку возила во близина на границата помеѓу метрополитенската област Изтапалапа и Чалко во соседната држава Мексико.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада, потврди дека во инцидентот имало жртви и десетици повредени. Таа објави прелиминарен список на хоспитализирани лица, велејќи дека тој ќе биде ажуриран како што продолжуваат медицинските проценки. „Ќе продолжиме да им пружаме медицинска помош на жртвите од овој инцидент“, увери таа.

Екипите за итни случаи реагираа на местото на настанот, каде што неколку лица се здобија со сериозни изгореници. Противпожарната служба на градот подоцна соопшти дека пламените јазици се целосно изгаснати во и околу превртената приколка-цистерна, која превезувала течен нафтен гас.

ПредходнаНАСА пронајде потенцијални траги од древен живот на Марс
СледнаГерманците најчесто се селат во Швајцарија