дома Македонија Политика Фетаи доби уште една функција, сега ќе биде и шеф на „Национален...

Фетаи доби уште една функција, сега ќе биде и шеф на „Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот“

Владата синоќа одлучила да се формира Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што „се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело“.

Со Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи заменик-претседателот на Владата за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, а членови ќе бидат: министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за финансии, јавниот обвинител на РСМ, претседателот на Врховниот суд на РСМ, раководителот на Канцеларијата за поврат на имот, директорот на Бирото за јавна безбедност, директорот на Царината, директорот на Управата за финансиска полиција, директорот на Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот и претседателот на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот, информираат од Владата.

ПредходнаБети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, за Кочани ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за Влатко Грозданов
СледнаЧарли Кирк беше моќен глас на влијание меѓу младите Американци.