Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија го осудија нападот на Израел врз Катар на 9 септември, наведувајќи дека бомбардирањето на Израел, кое наводно било насочено кон раководството на Хамас, го загрозило суверенитетот на Катар и ризикувало понатамошна ескалација.

„Ваквите потези претставуваат сериозен ризик за перспективите за мир преку преговори. Ја изразуваме нашата солидарност со Катар и целосно ја поддржуваме виталната улога што ја игра во посредувањето меѓу Израел и Хамас“, изјавија министрите во заедничко соопштение.
Израелските власти претходно објавија дека во вторник, 9 септември, извршиле воздушни напади врз Доха, главниот град на Катар, насочени кон високи членови на палестинската милитантна група Хамас.




