дома Македонија Црна хроника При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на...

При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид.

Кога ќе се иницира термичко распаѓање (Thermal Runaway) во литиум јонска-батерија, било да е од надворешно влијание-удар или од изложување на висока температура, процесот на термално разлагање е невозможно да се прекине, пренесува  Libertas.

Секакво гасење е само заштита на околните работи да не се запалат од високоите температури кои се развиваат со горењето на батеријата односно на електролитот кој е составен дел од ќелијата на една батерија. Горењето на батериите е проследено со многу чад, се слуша шиштење дури и мали експлозии.

Токсичната средина која се создава при горење е со висока концентарција на разни соединенија но една од најтоксичните покрај стандардните CO, CO₂, NOxите е HF хидроген флурид која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Според европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.

Батериите при складирање пред рециклирање се неутрализираат и има посебни мерки за заштита како и обуки на вработените.

При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид.

Ова е дел од мојата експертиза за докторатот кој го работам на тема заштита на литиумските батерии од горење, како и дел од патентот кои скоро беше прогласен за Патент на годината 2024.

Искра Јанковска Михајловска

ПредходнаЛили Колинс ги загрижи фановите со нејзиното појавување на модната недела во Њујорк
СледнаОгромен антимигрантски протест во Лондон. „Си ја сакаме назад нашата земја“