дома Свет Балкан Вучиќ: Сите мора да се вклучиме и да се бориме за нашата...

Вучиќ: Сите мора да се вклучиме и да се бориме за нашата земја

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за време на граѓанскиот марш против блокадите на Вождовац во Белград изјави дека „сите мора да се вклучиме и да се бориме за нашата земја“, со цел да се спречи обидот за уништување на Србија.

„Мораме да се бориме за нашата земја, никој друг нема да се бори во наше име, бидејќи ништо не се случува само по себе. Кога имаме проблем, тогаш сите мора да се вклучиме и да се бориме за нашата земја, за да можеме да имаме повисоки плати и пензии, за да можеме да живееме подобро и да го спречиме обидот за уништување и понатамошно влошување на Србија“, нагласи Вучиќ, видно расположен во опкружиувањето меѓу „своите“ граѓани.

Тој додаде дека е среќен што ја поминал вечерта со прекрасни луѓе на маршот против блокадите.

Вучиќ изјави дека, како што рече,од тука, за неколку минути ќе замине во посета на Јапонија, и дека е среќен што расте антиблокадерската приказна.

 

ПредходнаИлјадници Американци му оддаваат почит на Чарли Кирк, вдовица присуствува на бдение во Ајова
СледнаМарио Ковач: Мојата голема желба е да го поставам Алан Форд на сцената во театарот во