дома Свет Илјадници Американци му оддаваат почит на Чарли Кирк, вдовица присуствува на бдение...

Илјадници Американци му оддаваат почит на Чарли Кирк, вдовица присуствува на бдение во Ајова

– Илјадници Американци низ целата земја се придружија во оддавањето почит на убиениот американски патриот Чарли Кирк во саботата, додека неговата вдовица, Ерика Кирк, присуствуваше на бдение во Де Мојн, Ајова.


На сцената во Де Мојн беа прикажани слики од Кирк и неговото семејство, знамиња и видео од говорот на Ерика Кирк, која рече дека борбата што ја водеше нејзиниот покоен сопруг била духовна, а не само политичка, и дека сега носи круна на маченик.
„Криминалците одговорни за убиството на мојот сопруг, ако мислевте дека неговата мисија е моќна порано, немате поим што штотуку ослободивте низ оваа земја и овој свет. Немате поим каков оган запаливте кај оваа жена. Плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ целиот свет како борбен повик“, рече Ерика Кирк во јавно обраќање.
Погребот на Кирк ќе се одржи во Аризона, каде што живеел со своето семејство, но точниот датум и време не се објавени, додека американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе присуствува.
Во исто време, според „Ју-Ес-Еј Тудеј“, 22-годишниот осомничен напаѓач, Тајлер Робинсон, се соочува со обвиненија за тешко убиство, криминална употреба на огнено оружје за незаконска цел и попречување на правдата.
Се очекува формални обвиненија против него да бидат поднесени во следните неколку дена.
Чарли Кирк (31) беше убиен на 10 септември за време на јавен говор на универзитет во американската држава Јута.

ПредходнаКина патролира во Јужното Кинеско Море. Таа им порача на Филипините: Не провоцирајте
СледнаВучиќ: Сите мора да се вклучиме и да се бориме за нашата земја