дома Граѓански Аеродромци се дигнаа – Стоп за Вардариште предводеше река луѓе на вечерашниот...

Аеродромци се дигнаа – Стоп за Вардариште предводеше река луѓе на вечерашниот протест


На вечерашниот протест што почна во 18 часот, кај мостот „Киро Глигоров“ меѓу Општина Аеродром и Општина Гази Баба, се собраа река луѓе, кои маршираа до пред зградата на општината Аеродором.

 

 

 

 

Повторно, Возрасни, деца, стари и млади застанаа рамо до рамо да им порачаат на надлежните дека не чекаат до избори за решение за Вардариште. Неформалната депонија, онаа која не се користи веќе 30 години организирано, е узурпирана од неформални собирачи и препродавачи на отпад, а кога одвреме навреме ќе се запали, најмногу страдаат жителите на Ново Лисиче и Аеродром, кои веќе две недели се собираат и ја блокираат крстосницата кај мостот.  Доселените  50 на семејства од ромска националност горат кабли за да препорадаваат бакар а страдаат и Ново Лисиче и Аеродором и никој со години тоа не го решава.

Денеска, првпат крстосницата беше блокирана и во 7.30 часот утрото, што предизвика застој во сообраќајот, па низ Аеродром до Центар се патуваше и по еден час.

 

 

„Сакаме воздух!“ и вечерва се извикуваше на масовниот протест. Со транспаренти, со пораки до надлежните и со свирчиња повикуваа да бидат слушнати, за да престане труењето од оваа депонија.

Повторно порачаа дека не е важно кој е на власт, туку сакаат да се понуди решение и Вардариште да се исчисти.

 

ПредходнаДрон соборен над зградата на полската влада во Варшава
СледнаВулин бара владата да го запре патот кон ЕУ по изјавата на руската тајна служба