Попладнето во семејна куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес се случила семејна крвава драма кога поранешен партнер со повеќе убоди од остар предмет ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, а на крајот се самоубил, исто така со убоди од остар предмет, информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.
Попладнево во 15:30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул. „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет.
– На местото на настанот излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за 31-годишната Р.К. од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и 68-годишниот К.К , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и 39 годишниот И.С. од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт, појасни Ѓаковска.
Увид на настанот врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот,најавија од СВР Велес.
Екипи на истрагат и вечерва прибираат докази, и се истражуваат мотивите , особено важно е дали ситото можело да се спречи, затао шро не била тајна нетрпеливоста.




