дома Популарно Настапот на панк-рап дуото Боб Вилан во Тилбург (Холандија) е откажан поради...

Настапот на панк-рап дуото Боб Вилан во Тилбург (Холандија) е откажан поради коментари за Кирк

Настапот на панк-рап дуото Боб Вилан утре во Тилбург, Холандија, е откажан откако фронтменот Боби Вилан даде контроверзни коментари за смртта на американскиот патриот Чарли Кирк на еден од нивните концерти.


Снимката од настапот на бендот од Ипсвич во Клуб Парадизо во Амстердам во саботата, на која фронтменот го критикува Кирк, стана вирална, објави Скај њуз.
Бендот, кој го предводеше скандирањето „смрт за ИДФ“ на фестивалот Гластонбери, кој е предмет на истрага од полицијата на Ејвон и Сомерсет, ги негираше тврдењата на интернет дека ја прославиле смртта на Кирк.
Фронтменот Боби Вилан, кој го чува својот вистински идентитет во тајност, во видео одговор на платформата X рече дека во ниту еден момент за време на вчерашниот настап не била прославена смртта на Чарли Кирк.
„Реков дека е гомно, тоа е вистина.

Но, неговата смрт никогаш не била прослава. Ако била, пронајдете ми цитат што го докажува тоа. Нема да најдете таков, бидејќи тоа не се случило“, рече тој, завршувајќи го видеото со порака до луѓето да „се смират“. Клипот собра повеќе од 25.000 коментари, вклучувајќи го и поранешниот градоначалник на Њујорк и сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани, кој го нарече однесувањето на бендот „неодговорно и опасно“.

Во соопштението, концертната сала 013 рече дека најновите изјави на бендот отишле „предалеку“. „Иако разбираме дека овие изјави се дадени во контекст на панк и активизам и дека медиумските прикази понекогаш се помалку нијансирани од она што всушност се случило, сепак веруваме дека новите изјави се претерани“, се вели во соопштението, додавајќи дека тие повеќе не спаѓаат во опсегот на она за што можат да понудат платформа.

ПредходнаФилипче: Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски
СледнаЦрна Гора: Будва моментално има пет проценти повеќе гости отколку минатата година