дома Граѓански Утре, собир на плоштад Македонија за загинатите во Кочани

Утре, собир на плоштад Македонија за загинатите во Кочани

Движењето „Кој е следен“ најави собир на плоштадот во Скопје, а по изминувањето на шестте месеци од трагедијата во Кочани каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица. Собирот е закажан за во вторник, во 20:16 минути.

 

„Не беше несреќа, не беше трагедија, беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вторник, 16 септември, 20:16 минути, младите повикаа на тивок собир и ѕвездено небо. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да нѐ разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговорнсот, секој на свој начин“, стои во најавата.

ПредходнаНа пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката
СледнаМодриќ: Се надевам дека луѓето повеќе нема да ме потсетуваат на моите години