Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вечерва ги објави резултатите од вонредните анализи спроведени по големиот пожар што избувна во саботата во магацин за отпад во скопското село Трубарево. Според денешните испитувања на земените примероци од вода, не е утврдена радиоактивност. Нема ниту опасни нивоа на тешки метали во почвата, објави МИА.
Како што информира ИЈЗ, се забалежува зголемување на два параметра, Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место – површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии, но тоа е во рамки на очекувањата.
Како што информираат, земени биле мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва.
Дополнителните анализи, завршени денеска, покажале дека нема отстапувања од референтните вредности за вкупно 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb).
Во текот на денешниот ден, како што посочија од Институтот, се испитала и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.
Од ИЈЗ нагласија дека анализите се направени во најкус можен рок и дека истите ќе бидат повторувани според предвидените протоколи.