дома Свет Ропството во САД – “корозивна идеологија” според Трамп

Ропството во САД – “корозивна идеологија” според Трамп

Еден од најсрамните делови во историјата на САД е ропството. Голем дел од сите потсетници за него на јавни места во земјата, како што се изложби, фотографии, комеморативни плакети, ќе бидат отстранети.

Ова се случува по наредба од администрацијата на Трамп, според која информациите кои ја одразуваат “корозивната идеологија” која ги оцрнува Американците треба да бидат елиминирани од голем број на национални паркови на САД.

Службениците на Службата за национални паркови ја толкуваат оваа директива широко, применувајќи ја на информации поврзани со расизам, сексизам, ропство, хомосексуални права или прогон на домородните народи.

На пример, еден од најпознатите портрети на ропството – фотографијата “The Stamped Back”, која покажува траги од камшик на поранешниот роб Питер Гордон од Луизијана, ќе биде отстранета од сите национални паркови каде што е изложена.

Според директивата, таквите материјали “несразмерно” ги нагласуваат негативните аспекти на историјата на САД, без да се земе предвид поширокиот контекст и напредокот на земјата во текот на годините.

Професорот Џонатан Цимерман од Универзитетот во Пенсилванија, кој ја проучува историјата на образованието, рече дека ова е последната епизода од невиденото мешање на администрацијата на Трамп во граѓанските институции на земјата, кампања која вклучува преземање на контролата врз центарот Кенеди и обид да се изврши притисок врз Смитсоновиот институт.

“Ова претставува огромно зголемување на федералната моќ и контрола врз работите кои ги учим”, изјави Цимерман за The Washington Post.

ПредходнаПродолжен е притворот за нови 48 часа за четирите лица за пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.
Следна10 од најдобрите филмови на Роберт Редфорд