септември 18, 2025
Видео надзор во Вардариште и 24-часовно физичко обезбедување на депонијата, се новите барања од протестот што вечерва повторно се одржа на крстосницата меѓу булеварите „Асном“ и „Србија“ во општина Аеродром.
На протестот, организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, граѓаните порачаа дека нема да се откажат од основното човеково право за чист воздрух.
Најавија дека протестите ќе продолжат се додека надлежните не преземат сериозни мерки за контрола и расчистување на депониите.