дома Бизнис Најголем број продадени станови во Аеродром, најскапиот продаден во Центар

Најголем број продадени станови во Аеродром, најскапиот продаден во Центар

септември 18, 2025

 

Пад во продажбата на станови има во вториот квартал од годинава. Продадени се 178 станови помалку во споредба со првиот квартал годинава, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупини за периодот од 1 април до 30 мај.

Според податоците, во вториот квартал продадени се 676 станови, а во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува во наредниот период да се најдат на пазарот на недвижности.

Најголем број продадени станови има во општина Аеродром каде се продадени 164 стана, а најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар каде стан од 96 метри квадратни е продаден по цена од 260 илјади евра или 166.563 денари за метар квадратен.

Најголем број продадени куќи се во Битола (60 куќи), а во вториот квартал од годинава забележани се и 150 продажби на гаражи .

ПредходнаСпречен шверц на златен накит на „Стење“
СледнаУкраина денеска презеде од Русија тела на над 1.000 убиени војници, предаде само 24