дома Свет Путин првпат открива дека на украинскиот фронт има распоредено 700.000 руски војници

Путин првпат открива дека на украинскиот фронт има распоредено 700.000 руски војници

Повеќе од 700.000 руски војници се распоредени на „линијата на контакт“ во Украина, каде Москва со месеци спроведува офанзивни акции и стекнува предност во некои сектори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот со парламентарните претставници.

Откако започна голема офанзива против Украина пред повеќе од три и пол години, Москва мобилизираше огромни човечки и материјални ресурси, а воедно претрпе и големи воени загуби, според проценките на независните медиуми.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги посети своите војници во источниот Доњецки регион, центарот на борбите против руските сили.

ПредходнаСВР Куманово поднесе кривични пријави против 11 лица заповеќе кривични дела при плаќање давачки за увоз на половни моторни возила и нивна регистрација во државата
СледнаВидео: Над еден милион луѓе излегоа на протести низ француските градови против буџетските мерки за штедење