дома Македонија Општество Кедев: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се...

Кедев: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

Кедев: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

  Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и порано, пред други здравствени авторитети. Овој пат покрена лавина на реакции, јавноста многу се наелектризира, што е исправно. Основната моја мотивација за сето ова е да расчистиме со неправилностите таму каде што можеме, изјави кардиологот Сашко Кедев, кој недамна излезе јавно со тврдења дека се прават непотребни операции и стентирања, по што беше формирана момисија од домашни и странски експерти која треба да утврди дали имало злоупотреби.

Во синоќешното гостување во емисијата „Вечерното шуо со Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, Кедев оцени дека овој пат здравствениот систем реагираше соодветно, формирана е комисија која ги анализира случаите што до Министерството за здравство ги доставија лекари од Клиниката за кардиологија и Државната кардиохирургија. Целта, според него, е да се воведе соодветна контрола и да се подобри здравствениот систем во кој, како што посочи, сега најмногу се вложува.

–   Тие неправилности не се од сега, датираат многу години наназад. Јас сум ги отворал многу пати, но никогаш не сум наидувал на поддршка. Овој пат има огромна поддршка и од јавноста и од институциите, што е многу позитивно. Сегашниот министер за здравство е најмалку инволвиран во ова и воопшто нема врска со овие работи. Се надевам дека формирањето на комисијата од домашни експерти во рамки на МЗ, меѓународната комисија и Лекарската комора, ќе дадат голем придонес да се расчисти сето ова, јас сум оптимист и мислам дека ќе направиме позитивен импакт во оваа сфера, рече Кедев.

Смета дека треба да се направат соодветни проверки и во јавното и во приватното здравство, а потоа наодите на комисијата да бидат евалуирани од меѓународни експерти.

– Мислам дека сме на добар пат. Најважно е да ја воведеме контролата и да го подобриме системот, а ова да биде иницијален стимул за тоа, вели Кедев.

Нагласи дека сознанија што ги изнесе пред јавноста и се доставени до МЗ не се само негови, туку тоа се искуства од 16 лекари експерти, интервентни кардиолози и кардиохирурзи.

За тоа дали е можно да се докажат злоупотребите, тој посочува дека „има сива зона, но има и сигурна зона каде што се знае дека не мора ништо да се прави и тоа е цврсто докажливо со документацијата што ја имаат“.

ПредходнаВедро и посвежо утро, сончево во текот на денот
СледнаСе уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф