дома Македонија Општество По пожарот во Трубарево во воздухот имало тешки метали, состојбата е стабилизирана

По пожарот во Трубарево во воздухот имало тешки метали, состојбата е стабилизирана

септември 19, 2025
По пожарот во Трубарево имало високи концентрации на честитки и тешки метали во воздухот, но тековните мерења покажуваат дека состојбата во воздухот е стабилизирана и во рамки на дозволените граници, покажуваат мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Мерењата покажуваат дека по пожарот имало значително надминување на дозволените граници на PM₁₀, олово, кадмиум и арсен.
Резултати од пожарот (13–14 септември 2025):

– PM₁₀ честички: 92,65 µg/m³ (над 50 µg/m³ – дозволена граница)

– Олово (Pb): 0,75 µg/m³ (над 0,5 µg/m³)

– Кадмиум (Cd): 59,1 ng/m³ (над 5 ng/m³)

– Арсен (As): 8,9 ng/m³ (над 6 ng/m³)

– Никел (Ni): 6,4 ng/m³ (во дозволени граници, под 20 ng/m³)

Најновите мерења направени 18–19 септември покажуваат дека нема надминување на граничните вредности, односно концентрациите на PM₁₀ се во рамки на дозволените граници.

Тековни резултати (18–19 септември 2025):
  • Просечна концентрација PM₁₀: 9,8 µg/m³
  • Максимална вредност: 43,3 µg/m³
  • Моментална вредност: 8,2 µg/m³

 

ПредходнаЛишени од слобода 15 лица, меѓу кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, МЗШВ, со пустошење шуми предизвикале штета од над 100 милиони евра
СледнаИрак го уби лидерот на Исламска држава во Сирија