дома Свет Анса: Фич го зголеми рејтингот на Италија од БББ на БББ+, изгледите...

Анса: Фич го зголеми рејтингот на Италија од БББ на БББ+, изгледите се стабилни

Фич го зголеми рејтингот на Италија од БББ на БББ+ со стабилна перспектива, уште едно подобрување по сличните потези на други големи агенции, објави денес Анса.
Овој потег доаѓа откако Стандард и Пурс (С&П) и Мудис ги подобрија рејтинзите на Италија претходно оваа година.


Фич последен пат го зголеми рејтингот на Италија во декември 2021 година, за време на владата на Марио Драги.
Во својот извештај, Фич објави дека очекува „континуирано и постепено намалување на дефицитот“ во периодот од 2025 до 2027 година, со проектиран дефицит од 3,1 процент од БДП.
Сепак, агенцијата прогнозира дека долгот на Италија ќе се зголеми на 137,6 проценти од БДП до 2026 година, што во голема мера се должи на прилагодувањата поврзани со супер бонусот.
И покрај високото ниво на долг, Фич очекува ризиците за финансирање и одржливост да се намалат.
„Фич“ исто така прогнозира дека италијанскиот БДП ќе порасне за 0,6 проценти во 2025 година, а потоа ќе забрза на просек од 0,8 проценти во 2026 и 2027 година.

Клучниот двигател на растот ќе биде домашната побарувачка, особено инвестициите, додека надворешниот сектор би можел да остане послаб.

Италијанскиот министер за економија и финансии Џанкарло Џордети го коментираше подобрувањето на рејтингот, велејќи: „Многу учење, многу работа. Сериозно и дискретно. Ја вративме Италија на вистинскиот пат“.

ПредходнаПолска повторно ги подигна авиони.Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети
СледнаМориси откажува два концерти во САД поради закана по живот