дома Магазин Масовен протест: Massive Attack ја отстранија својата музика од Spotify

Масовен протест: Massive Attack ја отстранија својата музика од Spotify

„Масив Атак“ станаа најновиот бенд – и првиот од голема издавачка куќа – што го отстрани својот каталог од „Спотифај“ во знак на протест против инвестицијата од 600 милиони евра на основачот Даниел Ек во компанијата за воена вештачка интелигенција „Хелсинг“.

Масовен протест: Massive Attack ја отстранија својата музика од Spotify

 Софтверот на Хелсинг користи вештачка интелигенција за анализа на податоци од сензори и системи за оружје на бојното поле за поддршка на донесувањето воени одлуки во реално време. Компанијата, исто така, произведува сопствен воен дрон, HX-2. Ек е претседател на одборот на Хелсинг.

Бендот ја објави својата одлука истовремено со приклучувањето кон иницијативата „Без музика за геноцид“, во која над 400 уметници и издавачки куќи ја блокираат својата музика од платформите за стриминг во Израел.

Групата отсекогаш била општествено и политички активна.

Групата отсекогаш била општествено и политички активна.

„Економскиот товар што долго време им се ставаше на уметниците сега е усложнет од морален и етички товар, каде што тешко заработените пари на фановите и креативните напори на музичарите завршуваат финансирајќи смртоносни, дистописки технологии“, се вели во соопштението на Massive Attack.

Spotify одговори дека „Spotify и Helsing се две сосема одвоени компании“ и додаде дека Helsing „не е вклучен во Газа“ и дека неговите напори се „фокусирани на заштита на Европа во Украина“.

Освен Massive Attack, и други бендови како King Gizzard and the Lizard Wizard, Godspeed You! Black Emperor, Hotline TNT, Deerhoof и Wu Lyf ја отстранија својата музика од Spotify поради инвестицијата на Ек во Хелсинг, пишува и „Гардијан“.

ПредходнаЕленовски: Од актуелната власт досега не видовме реална борба против корупцијата
СледнаICE: Повеќе од 400 имигранти уапсени во областа на Чикаго за 11 дена