Пејачот Стивен Патрик Мориси откажа два концерти во Соединетите Држави поради сериозна закана по неговиот живот, се вели на неговата официјална Фејсбук страница.
Мориси, поранешниот лидер на The Smiths, требаше да настапи во казиното Foxwoods Resort во Машантукет, Конектикат, вчера и во MGM Music Hall во Фенвеј во Бостон, Масачусетс, денес, објавува Гардијан.
Во објава на Фејсбук, тимот на Мориси изјави дека заканите биле сфатени сериозно и дека двата концерта биле откажани „како мерка на претпазливост, за безбедноста на уметниците и публиката“.
Британскиот пејач моментално е на светска турнеја, со планирани концерти во Филаделфија и низ САД пред да се упати кон Мексико на крајот на октомври.
Заканите кон Мориси доаѓаат од 26-годишен маж од Отава, Канада, кој е обвинет дека му се заканувал на пејачот дека ќе го убие на социјалните мрежи за време на неговиот настап во градот.
Мажот беше ослободен со кауција откако ги упати заканите.
Инцидентот се случил претходно овој месец, а заканата гласела: „Стивен Патрик Морисеј, кога ќе настапиш во Отава следната недела, ќе бидам во публиката и ќе се обидам да те убијам со пиштол што го поседувам нелегално.“
Иако заканата била сериозна, концертот во Отава се одржал според планот.