Пожарот кој попладнево избувна над скопското село Батинци е локализиран. Од Центарот за управување со кризи информираат дека огнот е под контрола и дека нема опасност за жителите и околните објекти. Во гаснењето, како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, учествувале два „ертрактора“, еден хеликоптер на МВР, како и единиците на Противпожарната бригада на Град Скопје.
„Екипите остануваат на терен за следење на ситуацијата до целосно гаснење на пожарот и за спречување на евентуално повторно активирање“, велат од ЦУК.
https://provereno.mk/2025/09/20/%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc-%d0%bf%d0%be%d0%b6%d0%b0%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%86%d0%b8/