Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) уапсија повеќе од 400 лица во антиимигрантска операција во областа на Чикаго, која започна пред 11 дена, изјави денес високиот функционер на ICE, Маркос Чарлс.
Чарлс изјави за АП дека бројката ги вклучува и апсењата извршени од други американски федерални агенции кои помагаат во кампањата за потиснување на имигрантите.
Кога го прашале дали го смета бројот на апсења во оваа фаза од операцијата за позитивен, Чарлс рекол дека 400 е „солиден број“.