дома Македонија Црна хроника Спасувачка акција на повредено лице над селото Горно Јеловце

Спасувачка акција на повредено лице над селото Горно Јеловце

Едно лице кое управувало теренско возило над селото Горно Јеловце во општина Врапчиште попладнево со тешки телесни повреди е пренесено со полициски хеликоптер до Клиничкиот центар во Скопје.

Центарот за управување со кризи информира дека во 17:24 часот е добиена пријавата на Единствениот број за итни повици 112 и дека поради тешко пристапниот терен побарано е ангажирање на хеликоптер.

И од Дирекцијата за заштита и спасување информираат за случајот додавајќи дека со повреденото лице имало уште три лица од кои еден доктор и дека тие повикале помош на 112.

– Трите лица кои биле со него, од кои едното доктор, во моментот на несреќата биле надвор од возилото веднаш пријавиле на 112 и побарале помош за извлекување на тешко повреденото лице, велат од ДЗС.

 

 

 

Предходна8 од најубавите села во светот се во Европа – тука се
СледнаПожар кај скопскиот Аквадукт, пожарникарите попречувани да го изгаснат пожарот