дома Македонија Политика Досега потврдени 303 листи за градоначалници за локалните избори

Досега потврдени 303 листи за градоначалници за локалните избори

Досега 303 кандидатски листи за градоначалници и 558 листи за советите во општините се потврдени од страна на Државната изборна комисија.

ДИК информира дека за општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, се уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности, поточно осум листи за градоначалник и 20 листи за членови на советите на општините.

Отфрлени се пет листи за градоначалници и тоа по една листа за Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.

Ждрепката за утврдување на редоследот на листата на кандидати ќе се одржи во четврток, на 25 септември.

Предходна20 олдтајмери од 10 држави од Европа и САД дел од релито „Бахус класик“
СледнаГолем напад со дрон врз Москва, небото беше затворено