дома Локално Наутро свежо, преку ден топло- Почнува есента

Наутро свежо, преку ден топло- Почнува есента

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 17 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 35 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена.

Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата.

Времето денеска наутро ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

ПредходнаЗа прв пат од 1967 година, сириски лидер ќе присуствува на Генералното собрание на ОН
СледнаЗахарова најавува строги одмазднички мерки против конфискација на руски средства во ЕУ