Џими Кимел се враќа на телевизиските екрани во вторник, откако неговата емисија беше суспендирана поради коментарите што ги даде за смртта на Чарли Кирк, објави „Дизни“.
„Минатата среда донесовме одлука да ја прекинеме продукцијата на шоуто за да избегнеме понатамошно разгорување на напнатата ситуација во емотивен момент за нашата земја“, се вели во соопштението.
„Ова беше одлука што ја донесовме бидејќи сметавме дека некои од коментарите беа ненавремени и затоа нечувствителни. Во изминатите неколку дена имавме внимателни разговори со Џими и по тие разговори, донесовме одлука да ја вратиме емисијата во вторник“, соопшти Дизни.
„Џими Кимел во живо“ се емитува на американската телевизиска мрежа ABC, која е во сопственост на „Дизни“.
Што рече Кимел по смртта на Кирк
Кимел, кој често го критикува Трамп, беше критикуван поради изјавата во епизода емитувана во понеделник, 14 септември, во која сугерираше дека осомничениот напаѓач, Тајлер Робинсон, бил поддржувач на Доналд Трамп.
„За време на викендот допревме до ново дно, а бандата MAGA очајно се обидува да го окарактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како сè друго освен како нивно и прави сè што може за да извлече политички поени од тоа“, рече Кимел.
„Вака тагува четиригодишно дете за златна рипка“
Во снимката, Трамп рече дека се справува „прилично добро“ и додаде: „И патем, каде што ги гледате сите камиони, тие штотуку започнаа со изградба на нова балска сала за Белата куќа“.
По клипот, Кимел додаде: „Да, тој е во четвртата фаза на тага, натрупувањето. Вака не тагува возрасен за убиството на некој што го нарекувал пријател. Вака тагува четиригодишно дете за златна рипка, во ред?“