Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември..

– Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта, појасни министерот Алиу.
Предвидено е скринингот да опфати: комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.
Со оваа акција, како што посочи министерот, се овозможува навремено детектирање евентуални симптоми кај населението, со цел обезбедување на потребната здравствена заштита.
Како што беше појаснето, возилата ќе бидат распоредени кај маркетите „Бренд“ и „Флорида“.